СЕЛА – АХМЕТИ Е ЛАЖГО, НАС НЕ НИ ТРЕБА ПРЕМИЕР СО АЛБАНСКО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ТУКУ ЧОВЕК КОЈ ЌЕ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ

0
44

Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албаците, за денешен Утрински брифинг вели дека Али Ахмети го смета за еден голем политички лажго кој на избори оди со многу големи ветувања.

-На пример, рече дека ќе има премиер Албанец. Нам не ни треба премиер Албанец, со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите. Иднината на Македонија не се крои од Мала Речица или Зајас. Ако сакаме да мериме, треба да погледнеме што се инвестирало. Таму, се крои корупција, се кројат судии и обвинители, и да, ДУИ треба да си оди во опозиција. ДУИ стануваат коцкари и сакаат да формираат фирма која би правела државна лотарија а која би била како крило на ДУИ. Оттука е јасно дека ние немаме правна држава. Оти да објави Владата конкурс за таква фирма во рамките на Лотарија на Македонија пред законот за игри на среќа да помине не е во ред, вели Села