ТЕТОВСКИ МАЛОЛЕТНИЦИ ФАТЕНИ СО ДРОГА, НОЖЕВИ И МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ

0
35

Во два наврати полицијата во Тетово кај шест малолетници 4 од градот а двајца од селата Ѓермо и Озормиште, пронашла марихуана како и два ножа и метален предмет.

Еден од двата настана се случил во раните утрински часови денеска а еден во текот на вчерашниот ден.

Кај двајца малолетници од Тетово и кај еден од Ѓермо полицијата во раните утрински часови денеска, пронашла марихуана, по што со нив во присуство на нивните родители бил обавен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Кај другите тројца малолетници од кои двајца од Тетово а третиот од Озормиште полицијата при проверка во текот на вчерашниот ден пронашла два ножа и метален предмет. И со нив е извршен разговор во присуство на нивните родители. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.