ВО ЕВРОПА АВТОМОБИЛИ СО ДИЗЕЛ И БЕНЗИСКИ МОТОРИ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ УШТЕ ДЕСЕТИНА ГОДИНА, СТАПИ НА СИЛА НОВ ЗАКОН

0
59

Европскиот парламент вчера во Стразбур го одобри предлогот на Европската комисија до 2023 година да биде задолжително пласирањето на пазарот на ЕУ на нови автомобили и комбиња со нулта емисија на штетни гасови.

Од 2035 година ќе престане продажбата на нови автомобили со дизел и бензински мотори.

Пленумот на Европскиот парламент вчера во Стразбур го одобри предлогот на Европската комисија до таа година (2023) да биде задолжително пласирањето на нови автомобили и комбиња со нулта емисија на штетни гасови на пазарот на ЕУ, со што во суштина се декретира крај на возилата со мотори со внатрешно согорување.

Амандманот поддржан од ЕПП, кој предвидуваше намалување на емисиите на CO2 за 90% наместо 100%, не беше одобрен.