ДАЛИ ЌЕ МОЛЧЕВТЕ АКО БЕШЕ ЗАПАЛЕНА АЛБАНСКА ЏАМИЈА ПРАШУВААТ ОД КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

0
21

Раководството на културниот центар во Битола „Иван Михајлов“ информираше дека ги известило сите странски амбасади во Македонија за инцидентот што се случи во саботата наутро. Писмото упатено до амбасадорите во Македонија го објави на својот профил на Фејсбук:

Почитувани:

Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот „Иван Михаилов“ среде бел ден беше преплавен со бензин и запален. Овој нов чин на заплашување доаѓа по целата злобна кампања против бугарскиот народ во Северна Македонија. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера нагло тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика – и ние Македонските Бугари. Но еве – оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на Кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од Вас – нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин. Тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија ! Ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес. Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ. Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија?! Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани.

Со почит :

Претседател

Љубчо Георгиевски