ПОРАДИ ПРОПУСТИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ОПШТИНА ТЕТОВО БЕЗ СОВЕТ И НЕФУНКЦИОНАЛНА

0
44

Тетово се подготвува за избор на нов совет на општината, кој ќе се одржи на 20 август. Сега локалната власт функционира без голем број ингеренции. Опозицијата од претходниот совет бара одговорност.

Со тенко мнозинство, неусогласенот на седниците по многу точки, советот на Општина Тетово 6 месеци по формирањето се распушти.

Опозицијата од последниот состав на советот предводена од ДУИ, вели дека несовесното работење на раководството на општината, довело до ваква ситуација.

Срамно е велат во време на економска криза, да се трошат пари од буџетот за избор на нови советници, само 8 месеци по одржувањето на последните локални избори.

Поранешниот претседавач на советот Бесар Дурмиши, вели дека одговорноста не треба да се бара во раководството на општината, туку во дел од адмнистрацијата, која не ја доставила на време завршната сметка на буџетот.

Позитивно е што изборите ќе се одржат наскоро на 20 август. На градоначалникот без советот, врзани му се рацете за носење на голем број одлуки.

Административците вели Дурмиши, кои со нивното несовесно работење предизвикаа распуштање на советот, ќе одговараат соогласно законот, а за нив веќе е покрената постапка.