СО НОВ ПАТ И КРУЖЕН ТЕК ОПШТИНА ТЕТОВО ЌЕ ГО РЕШАВА СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕШ НА ПОПОВА ШАПКА

0
32

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вчера заедно со раководителите на Секторот за урбанизам, Секторот за комунални дејности, Општинскиот инспекторат, како и проектанти, инженери и геодети беа на Попова Шапка. Одблиску го видоа местото каде што е планирано да се отвори нов пат почнувајќи од влезот на Попова Шапка со што би се создал кружен тек и можност да има еднонасочен сообраќај за влез и излез не само во викендичките, туку и слободно движење до туристичкиот дел без пречки и во текот на зимата.

Патот покрај викенд куќите ќе биде по сите потребни стандарди и ќе ги исполнува условите за сообраќај на автобуси за странските туристи.

“Исто така, во процедура е и деталниот урбанистички план каде што ние како општина максимално ќе се заложиме овој план што поскоро да им биде достапен на заинтересираните граѓани.Заедно со општинскиот инспекторат извршивме увид и во новоградбите, и вреди да се нагласи дека за разлика од минатите години, годинава притисокот за градење дивоградби и обидот за узурпација на јавен имот е значително намален и лично им се заблагодарувам на граѓаните за нивната учтивост и разбирање. ВоАпелираме и до сите кои се заинтересирани за изградба на нови објекти да имаат трпение додека не се изготви деталниот урбанистички план и секој ќе може да изгради објект или викенд куќа согласно закон и правила, исполнувајќи ги сите стандарди”- изјави Касами.