И ДРЖАВАТА И ОПШТИНАТА ДИГНАА РАЦЕ ОД ЛУКОВИЦА

0
37

И државата и општината дигнала раце од Луковица, се жалат мештаните од ова населено место. Мнозинството пратеници во комисијата за финансирање и буџет го одбија амандманот за одобрување на средства за асфалтирање на патот до селото, а Општина Желино на чија територија се наоѓа Луковица, со децении одбива да инвестира во проектот.

Луковица, единственото село во Западна Македонија, кое нема асфалтиран пат. Се работи за локална делница од 5 километри, по која сега мештаните се движат по кал, земја и камења, а кога има поројни дождови, патот со денови е блокиран.

Мнозинството пратеници во комисијата за финансирање и буџет одбиле амандман за асфалтирање на пат до Луковица кој е неопходен, а прифатиле амандман за изградба на културен дом во едно гостиварско село

Од месната заедница на Луковица велат дека и општината, има можност да го асвалтира патот, но и таму недостасува волја.

Светска банка велат, одобрила пари за проекти во Општина Желино. Локалната власт само треба да даде приоритет на нашиот проект

Мештаните велат дека нема да се откажат од проектот за патот, за кој и сами собрале средства за проектната документација и елаборатот. Селото се наоѓа на падините на Сува Гора. Се градат и голем број викендички. Особено е раздвижено во летниот период, каде престојуваат голем број жители од селото.