Условни казни за седуммина демонстранти поради инцидентите пред Собранието

0
27

Седуммина обвинети за инцидентите за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни откако признаа вина. На еден обвинет, кој не призна вина, ќе му се суди во издвоена постапка.

Седуммина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, добија условни казни откако признаа вина пред Кривичниот суд во Скопје. На еден обвинет, кој не призна вина, ќе му се суди во издвоена постапка.

На седумтемина кои признаа вина судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело. Тројца од обвинетите се средношколци на 18-годишна возраст. Тие беа обвинети за учество во толпа и за фрлање со бекатон и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Собранието пријавило штета од околу 9.200 евра, која ќе треба да ја платат осудените.

Инцидентите се случија на 5 јули, за време на протестите пред Собранието, когаво еден момент ситуацијата ескалираше и демонстрантите почнаа да фрлаат со бекатон плочки, шишиња и сѐ што ќе им се најдеше при рака, и кон полицијата, но и кон собраниската зграда во центарот на Скопје. Притоа, од полицијата информираа дека се оштетени полициски возила и се демолирани двете полициски куќарки пред Собранието. Штети беа предизвикани и на собраниската врата, искршени беа бројни прозорци од законодавниот дом и беа откорнати бекатон плочки од патеката пред парламентот. Десетици полицајци се жалеа на повреди за време на протестите