УШТЕ ЕДЕН ФИЗИЧКИ НАПАД ВРЗ ВРАБОТЕНИ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ ТЕТОВО, ИНТЕРВЕНИРА ПОЛИЦИЈАТА

0
31

Преку соопштение од ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ ТЕТОВО се пожалија на честите напади врз нивни вработени од страна на лица кои непрописно ги паркирале своите возила.
Подолу е целото соопштение на ЈП Градски паркинг Тетово

За жал нападите врз вработените во ЈП Градски паркинг не запираат. Вчера наши вработени повторно беа физички и вербално нападнати од граѓанин, чие возило беше несоодветно паркирано. Напаѓачот е пријавен во полиција и ќе се соочи со соодветна санкција.

Ваквите немили настани никому не одат во прилог и даваат лоша слика за градот. Повторно апелираме да запре насилното однесување и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, кои важат за сите подеднакво.

Нашата работа е да воспоставуваме ред во паркирањето, кое треба да биде уредно и согласно прописите. Ова е од корист за сите, и за возачите и за пешаците. Подобар ред само заедно соработувајќи можеме да создадеме.

Со почит,
ЈП Градски паркинг Тетово