ВЛАДАТА НА СДСМ СЕ ГРИЖИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ, А ДОКАЗ ЗА ТОА Е ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ, ИСТАКНА СТОЈАНОВСКИ НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА НА СОВЕТНИЦИ ОД СДСМ

0
32

Кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата Најдобро за Тетово во рамки на предизборната кампања во посета на Здружението на пензионери Тетово

Покачување на пензиите од 1000 денари и најавено усогласување за раст на пензиите според растот на платите е доказ за тоа колку Владата предводена од СДСМ се грижи за сите категории граѓани во услови на светска економска и енергетска криза и зголемениот раст на трошоците за живот.Посета на Здружението на пензионери од Тетово и пријателски одигран натпревар во шах. Столбот во едно општество се темели на искуството од постарите и желбата и ентузијазмот на младите, кои се авангарда во современото општеството, истакна Глигорие Стојановски носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата Најдоброто за Тетово