Полицаец во Албанија со глисер убил 7-годишно девојче, а потоа се степал со нејзиниот татко!/ВИДЕО

0
38

Арјан Тасе, поранешен полициски началник во албанскиот град Химара, осомничен е за убиство на 7-годишното девојче Јонада Авдиа.

Постои сомнение дека Тасе го убил девојчето со глисер, а кога се вратил на копно, се степал со нејзиниот татко Бледар Авдиа. Трагедијата се случила минатата недела на плажата Потам во Албанија.

Тасе тврди дека изгубил контрола над глисерот, но сведоците на настанот велат дека тој изведувал опасни маневри и го возел глисерот премногу блиску до брегот.

Таткото на девојчето за локалните медиуми изјавил дека со својата ќерка пливале блиску до брегот кога го забележал белиот глисер кој доаѓал со огромна брзина право кон нив.

„Дојде со голема брзина до мене и до неа, јас нурнав, аглисерот удри директно во мојата ќерка. Требаше јас да умрам наместо неа…“ – рекол таткото на девојчето.

Сведоците на трагичниот настан снимиле како Тасе се тепа со таткото на девојчето додека други присутни на плажата се обидувале да ги раздвојат.

Истражителите велат дека полицаецот Арјан Тасе со глисерот го носел своето семејство од Порто палермо во Потам, на пет километри од местото на несреќата.

„Пропелерите предизвикале тешки повреди кои довеле до моментална смрт“ – изјави портпаролот на полицијата.