ЗЕЛЕНСКИ ПРЕЖИВЕА СООБРАЌАЈКА

0
26

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА.

Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила.

Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата.