АХМЕТИ – ДУИ ИМА СОЗДАДЕНО СИЛНА БАЗА, ТАА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА И БЕЗ ОДРЕДЕНИ ПОЕДИНЦИ

0
21

ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат и без Али Ахмети и без Блерим Беџети и без Муса Џафери, партијата има силна основа и силна подршка, одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети на новинарско прашање поврзано со писмото, иницирано од таканаречената огнена група која бара реформи во партијата.

Тој дополни дека партијата има создадено силна база и структури, кои можат да функционираат и без одредени поеднци.