РУСИТЕ МАСОВНО НА УЛИЦИТЕ НА МОСКВА – бараат анексија на истокот на Украина

0
23

Русите масовно излегоа на улиците на Москва и Санкт Петербург на собир за поддршка на припојувањето на окупираниот украински регион Донбас кон Русија. Во вторник, четири украински окупирани региони – Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје – најавија референдум за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември. Одлуката беше поздравена од руските власти и осудена од западните политичари.

Луѓето на масовниот собир носеа руски знамиња, знамиња со рускиот симбол „З“ и натпис „Руси, Украинци, една нација, една земја“.