Мештаните од Шарпланските села не можат да ја користат приватната шума, оти нема кој да им даде дозвола

0
18
smart

Мештаните од Шарпланските села не можат да ја користат приватната шума, оти нема кој да им даде дозвола. Националниот парк Шар Планина нема вработени, кои треба да издаваат решенија за сеча. Од установата, велат дека проблемот ќе се надмине наредниот месец, оти веќе е објавен оглас за шумски инжинери.

smart

Прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје, им го ускрати правото на жителите на село Јеловјане, да ја користат сопствената шума.

Дозволите за сеча до лани ги добивале од Македонски шуми, но сега откако Националниот парк управува со Шара, нема која да им даде одобрение за сеча.

Паркот, иако формиран пред повеќе од една година, нема вработени, освен директорот на претпријатието. Одобрение за сеча не ни даваат, но ако сечеме ни се закануваат со казни, велат од месната а

Проблемот не е само во Јеловјане. Сафет Фетаи од соседното село Урвич, вели дека дрвокрадци му опустошиле приватна шума, а дрвјата кои останале, сега институциите не му дозволуваат да ги транспортира до својот дом.

Мештаните бараат друга институција, да им издава решенија за користење на приватната шума.

Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина, вели дека проблемот ќе се надмине наредниот месец, оти веќе е обајвен оглас за шумски инжинери, кој ќе ги дава потребните дозволи на мештаните кои имаат приватна шума, а за тоа поседуваат имотни листови. Постапката се одолжила, оти Министерството за финансии, неодамна одобрила вработувања за Националниот парк.