ШАРА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА КОСТЕНОТ, НО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДРВЈАТА СКАПУВААТ

0
29

Здружението „Ренесанса2019“ во Тетово организираше семинар за еколошкото и туристичкото значење на костенот на планината Шар со посебен акцент на Тетовскиот регион.  Проектот е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање кој има за цел да го промовира и поттикне развој на туризмот во Шар Планина, но и да се создаде бренд за костен.

Претседателот на здружението за образование, култура, туризам и екологија „РЕНЕСАНСА2019“, Берат Азизи, рече дека овој семинар доаѓа по два месеци работа што е направена на терен во однос на костенот, можноста за негова промоција, регенерација со цел да се  зголеми површината со костени

-Тука би го спомнал фактот дека само во едно гратче во Италија од костенот се обезбедуваат милиони евра и сето тоа благодарение на промоцијата што ја прават. Така, Шар Планина го има целиот потенцијал уште повеќе да го одгледува ова растение и да го прошири целиот простор. За време на теренската студија забележав дека на некои локации почнаа да се сушат некои костени и за тоа ќе треба да се заменат со ново дрво, рече Азиси

Од друга страна, географот Агрон Салихи истакна дека убавината на пејсажот на Шрра ја засилуваат и големиот број високи костени со големи стебла кои се многубројни. Салихи нагласи дека Костеновиот појас во планината Шар најмногу се протега на висорамнините на Тетово како и во општина Теарца, како што се селата : Слатино, Непрештено, Лешок, Теарца, Одри и планинските села, Варвара, Брезна, . Од другата страна ги имаме и селата Новосела итн. Според него, костенот е важен вид кој има големо економско и индустриско значење. Економската вредност нашол различни употреби, а други вредности се и лековити, особено во медицината каде сувите листови се користат за лекување на голема кашлица, за лекување на респираторни заболувања, реума и многу други болести.