ТЕТОВСКИОТ ГРАВ ЌЕ ГО НЕМА И НА ТЕТОВСКИТЕ ТРПЕЗИ

0
24

Со цел промовирање на гравот тетовец,во тетовско Теарце  се одржа единаесетта по ред традиционална манифестација ден на гравот. На манифестација присуствуваа стотици луѓе. Од година вгодина е се побројна, но за жал проблемите со тетовскиот грав се зголемуваат.Се помалку површини се засадуваат со овој производ.

Тетовскиот грав ќе исчезне, ако продолжи трендот на намалување на засадени површини со овој производ.

Сречко Анчевски од тетовско Доброште е еден од ретките земјоделци, кои на своите ниви одгледува тетовско гравче. Селаните вели се откажуваат од оваа дејност, пред се поради нелојалната конкуренција, но и немањето пласман. На пазарот се продава грав од Азија под името тетовски, а климатските промени си го направија своето, родот е вели пеполовен.

Токму манифестацијата ден на гравот, има за цел да го промовира производот. Проблемите да допрат до инситуциите кои треба што поскоро да го брендираат тетовското гравче, велат организаторите.

На манифестацијата,гравот Тетовец го вкусија петстотини лица. Главниот готвач вели тетовскот гравче е посебно вкусно, чие зрно е целовито и додека се вари не се одвојува од лушпата.

На 11 – тата по ред манифестација Ден на гравот, производителите побараа субвенции и брендирање за спас на производот, кој може во иднина да го нема и на тетовските трпези