40 бродови со жито се подготвуваат за испловување од Украина

0
21
Loading grain into holds of sea cargo vessel through an automatic line in seaport from silos of grain storage. Bunkering of dry cargo ship with grain

Делегациите на ОН, Турција и Украина денеска го одобрија распоредот за движење на 14 бродови во хуманитарниот поморски коридор. Ова беше речено во соопштението објавено од мисијата на светската организација во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) со седиште во Истанбул.

„Делегациите на Украина, Турција и Обединетите нации го договорија планот за движење на 14 бродови вдолж поморскиот хуманитарен коридор за утре, 31 октомври, од кои 12 од украинските пристаништа и 2 до украинските пристаништа“, се вели во соопштението. ОН за ваквата одлука ја информираа руската делегација.

Во меѓувреме, ЗКЦ информираше шест бродови почнале да се движат од украинските пристаништа, но се уште не влегле во хуманитарниот коридор. Вкупниот товар на овие бродови е 186.400 тони прехранбени производи. Вкупно 21 брод со товар од околу 700.000 тони храна чекаат дозвола за пловидба од украинските пристаништа и нивните соседни води. Меѓу нив е и бродот на Светската програма за храна на Обединетите нации кој носи 30.000 тони пченица за да ги задоволи потребите за храна на луѓето од Источна Африка.

Делегациите на ОН и Турција во Заедничкиот совет за соработка, исто така, се согласија да формираат 10 инспекциски тимови за да ги прегледаат денес 40-те бродови. „Со цел да се продолжи работата на иницијативата за Црното Море, од делегациите на Турција и ОН е побарано да обезбедат 10 инспекциски тимови за да извршат проверки на 40-те бродови што заминуваат. Украинската делегација го прифати планот за инспекција. Руската делегација е информирана“, се вели во текстот.

Вчера немаше движење на бродови во Поморскиот хуманитарен коридор според аранжманите за жито, иако, како што е наведено погоре, шест товарни бродови тргнаа од украинските пристаништа, но сè уште не влегоа во Поморскиот хуманитарен коридор. Тие остануваат во украинските територијални води.

Вкупниот обем на извезена храна од Украина од почетокот на работата на коридорот на 1 август изнесува 9.521.645 тони