Касами: И покрај владината незаконска одлука, друштвото за јавно осветлување го формиравме и ќе го регистрираме

0
21

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, не се откажува од градското претпријатие за јавно осветлување, кое како трговско друштво минатата недела на Седница на совет беше изгласано.

Вели дека одлуката е против законска, оти токму Регулаторната комисија за енергетија испратила писмо до ЗЕЛС, дека општините имаат право да формираат претпријатија за јавно осветлување.

Ние на седница формиравме вакво претпријатие, како „трговско друштво“ планираме да го регистрираме во Централен регистар, ако добиеме негативен одговор оттаму, ние не се откажуваме, правдата ќе ја истераме до крај, вели првиот човек на Општина Тетово.

„Тоа е противзаконска одлука, оти според Законот за локална самоуправа, општините имаат право да формираат приватни претпријатија. Пред два месеци, исто Регулаторната комисија која е надлежна во делот на енергетиката, има донесено регулатива и го информираше ЗЕЛС, дека општините можат да формираат такви претпријатија за производство, трговија и менаџирање со јавно осветлување. Значи владата не може да носи одлуки кои се незаконски. Ние денеска пуштивме барање до Централен регистар, за да се регистрира нашето претпријатие, ако не одбијат, ќе ги следиме сите законски процедури и ќе одиме до крај, нема да дозволиме со неразумни одлуки на владата, да се оштетат граѓаните“, вели Касами.

Инаку пред два дена, владата донесе забрана општините и на Градот Скопје да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување

Од Општина Тетово, каде минатата недела на Седница на совет беше формирано трговско друштво „Електро Тетово“ кое треба да се занимава со одржување на јавното осветлување како и прозводство на струја, велат дека се изненадени од новата владина одлука.

Побараа владата како што посочија, да ја укине оваа незаконска одлука, оти со претпријатието нема да се појавуваат проблеми како досега, каде на поедини улици не работи јавното осветлување.

Претпријатието „Електро Тетово“ чија судбина е неизвесна, општината го формираше во време кога кого долгот на градската власт за улично осветлување изнесува 37 милиони денари.

Извор Слободен Печат