Мицкоски ќе оди на лидерска ако се разговара за проблемите на граѓаните

0
26

Лидерска средба е потребна за да се разговара за проблемите на граѓаните, а не за теми кои носат поделби и поларизација. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не добил покана од владата за лидерско соочување, но апелира до власта доколку се случи таа средба да не се разговара за уставните измени, бидејќи нивниот став бил јасен – нема да прифатат менување на Уставот под вакви околности.

За двоецот СДСМ –ДУИ свикувањето на лидерската средба во ваков формат е неопходна во услови кога Македонија го трасирала европскиот пат. Пратениците од мнозинството очекуваат сите партии да го потврдат нивното присуство, бидејќи ова биле клучните чекори и треба да бидат направени со широк консензус во Парламентот,

А на средба за уставните измени, кани и БЕСА. Касами бара албанските партии да оформат единствен став за укинување на терминот„20 проценти“ во замена за поддршка за вметнувањето на Бугарите во највисокиот правен акт. Од партијата за Сител велат дека партиските органи дополнително ќе одлучат дали одговорат на повикот на владата.

За ВМРО ДПМНЕ барањето на политичките лидери за тргањето на терминот 20 проценти ќе донесе поделби кои никому нема да одат во прилог. Според Мицкоски пострашно е формирање на дводомен парламент што би значело федерализација која ќе го наруши унитарниот карактер на Македонија.

Досега Беса и Алијанса поставија ултиматум да за замени оваа одредница со отворањето на Уставот. И од Алтернатива, бараат овој процент да се избрише.За ДУИ, ваквите имени нема да донесат ништо ново од она што е пропишано во Рамковниот договор.

Засега нема утврден датум кога албанските партии ке седнат на заедничка маса да расправаат на укинувањето на терминот 20 отсто , ама и за станувањето на албанскиот јазик за службен јазик.