НЕ СЕ ЧУСТВУВАМ ВИНОВЕН, КАЖА УПРАВИТЕЛОТ НА БЕСА ТРАНС НА ДЕНЕШНОТО СУДСКО РОЧИШТЕ

0
25

Денеска почна судењето во кое обвинети се управителот на „Беса транс“, Беким Хаџиу и компанијата како правно лице за фалсификување на извод од лиценца за меѓународен сообраќај за автобус кој изгоре во ноември и притоа загинаа 45 лица во Бугарија.

Хаџиу пред Судот кажа дека го разбира обвинението, но не чувствува вина за тоа.

„Не се чувствувам виновно“, кажа Хаџиу

Пред тој да се е произнесе, обвинителот Владимир Милошески го опиша обвинителниот предлог според кој управителот на „Биеса транс“ преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември, кажа обвинителот, 20 пати излегол од државата.

Милошески во судница ги прочита сите детали за овие 20 преминување, со детали за датумот, времето, релацијата и граничниот премин. Според тоа, автобусот што изгоре во несреќата лани најмногу или 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул. Девет пати ја излегол од државата преку преминот „Блаце“ и најчесто возел од Скопје кон Призрен или Драч, а еднаш автобусот поминал и на преминот „Ќафасан“.

Во судница денеска сведочеше и претставник на Министерството за транспорт врски, кое е надлежно да издава лиценци, и објасни дека компанијата „Беса транс“ имала лиценца за слободен меѓународен превоз на патници. Станува збор за документ кој се однесува на фирмата и врз основа на него се издаваат изводи од лиценци за секое возило посебно. Според сведочењето, изводи од лиценци за меѓународен превоз „Беса транс“ имала за пет автобус, но помеѓу нив не е автобусот од несреќата.

Тезата на одбраната, пак, е дека во случајот нема фалсификување исправа – дело за кое се товари управителот и фирмата. Адвокатот Асмир Алиспахиќ во изјава за медиумите рече дека не е точно оти се употребувала фалц исправа односно тврди дека ниту се правел лажен документ ниту се менувала некоја постоечка лиценца за да се користи како вистинска. Како што тврди одбраната, се поминувала со оригиналните лиценци. На прашање, како патувал автобусот само со лиценци, а без извод за конкретното возило тој кажа дека за тоа како цариниците дозволувале, треба да одговара истражните органи.