ПУКАЊЕ ВО КАРПОШ, ПОЛИЦИЈАТА БРКА РАЗБОЈНИК КОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА ОГРАБИ МАРКЕТ

0
32

Полицијата вечерва трага по разбојник кој се обидел да ограби маркет во скопската населба Карпош 3, објави „Канал 5“, повикувајќи се на полициски извори. Инцидентот се случил во близина на „руските згради“ кај болницата „8 септември“.

При бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите на населбата бегале во паника. Акцијата за апсење на разбојникот сѐ уште е во тек. Од полицијата велат дека тој бил облечен во црвени пантолони и ги повикуваат граѓаните да пријават доколку го забележат.

Од полицијата официјално велат дека тим од интервентната единица спроведува акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на улицата „Драгиша Мишовиќ“.

Неколку медиуми претходно објавија дека на пукањето му претходела заложничка драма во маркетот и дека разбојникот се обидел да избега криејќи се зад вработените. Овие информации засега не се потврдени од полицијата