КЕДЕВ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ СЕ ИСКАЧИЛ НА ПЕТ ВРВОВИ НАД 8 ИЛЈАДИ МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА

0
33

Кедев раскажува дека тоа било голем предизвик, но и прашање Дали биолошки и физички ќе издржи?

Во 2021 година во септември го искачи врвот Манаслу на Хималаите осми врв по височина во светот, потоа Дауглагири во Непал и двата нови предизивизи кои ги искачи за седум дена врвовите К2 8611 метри и Брод Пик 8051 метар. Кедев е единствениот Македонец кој искачил пет врвови со височина над осум илјади метри. Кардиологот вели дека за него ова е голем предизвик, живот надвор од зоната на комфорот, а можност да го најдете својот пат во животот и да стигнете до целта.

По повод светскиот ден на планината вели дека секој може и треба да планинари не мора да значи дека секој мора да го искачи Еверест. Доволно е да се искачува и Водно и другите планини зошто така ја гледаме големината на природата како да живееме со околу нас. Кардиолошки и здравствено топло препорачува планина за секого.

Кедев нема најава за нови искачувања тој вели: кога ќе решите продолжувате по својот пат. Тој вели дека го нашол неговиот пат и е среќен