СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА ПРЕД НОВА ГОДИНА, НО СО МАЛКУ ПОСКАПИ БИЛЕТИ

0
156

Со дополнителна снежна покривка од десетина сантиметри, се очекува скијачката сезона на Попова Шапка да започне за десетина дена, вели директорот на ски-центарот, Адем Авзиу.

Неделава се очекува да има нови снежни врнежи, кои ќе овозможат успешен старт на сезоната и пред новогодишните празници.

„Ние сме веќе подготвени за почеток на новата сезона, првичните снежни врнежи ги имавме, очекуваме дополнителни снежни врнежи кои се најавени за оваа недела. Ако тие врнежи ги исполнат нашите очекувања, ќе имаме квалитетно безбедно скијање. Планираме да ја отвориме сезоната од 15 до 20 декември. Моментални на ски патеките имаме околу десетина сантиметри снег. Еднаш ги поминавме ски патеките со ратраци, очекуваме да имаме минимум 20 до 30 сантиметри снег, за да ја отвориме сезоната. Инаку ќе работаат сите скијачки патеки“, вели Авзиу.

Поради енергетската криза се очекуваа мало покачување на цените на ски картите. За колку ќе поскапат, ќе утврдиме до крајот на оваа недела, додаде Авзиу.

Инаку Владата минатиот месец објави ќе ја развива Попова Шапка преку стратешки инвеститор.Предлог проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка на владина седница доби зелено светло.

Според Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини станува збор за голем инвестициски проект што е резултат напорите да се заштитат природните вредности.