Таравари: Не сме резервна гума на ДУИ, остануваме конструктивна опозиција

0
21

Нема никакви преговори со владата за влез на Алијансата на Албанците во централната власт, уште еднаш потврди в.д. претседателот на партијата Арбен Таравари, кој денеска пред Комисијата за прием на кандидатури за претседател на партијата, ја поднесе неговата кандидатура во седиштето во Тетово.

 

Тој вели дека политиката на Алијансата за Албанците ќе остане иста, согласно последната програма и ќе продолжат да бидат конструктивна опозиција. Ако има преговори ќе излеземе во јавноста, додаде тој.

 

 

„Горе долу политиките на Алијанса за Албанците ќе бидат исти, ние сме во комплетна реорганизација работиме на терен, ќе бидеме конструктивна опозиција, како што бевме и досега и ќе видиме како ќе ги продолжиме работите. Нашата програма од 2020 година, тоа се политиките на Алијанса за Албанците и не се очекува ништо во нашите политиките да се смени. Нема преговори за влез во Влада, ако има ќе излеземе пред вас и ќе кажеме се што има. Ние ќе ги подржиме уставните промени, за влегување на Бугарскиот етникум во преамбулата, без разлика дали ќе бидеме дел од владата или не, рече Таравари.

Ако има гума во владата, тоа е некој друг, не ние, одговори Таравари на информацијата од Алтернатива дека Алијансата за Албанците ќе бидат резервна гума на ДУИ, ако станат дел од владата. Ќе продолжиме со нашето барање да се тргне поимот 20 % и на негово место да стои Албански јазик.

„Ако не повика некој во Владата, тогаш тоа е премиерот, но велам засега најодговорно тврдам дека немаме преговори, ако имаме ќе бидеме транспарентни. Ние не сме резервна гума на ДУИ, тоа сигурно тврдам најодговорно, некој е во владата таму гума, само не би сакал да коментирам понатаму. Албанскиот јазик е втор официјален јазик во Македонија, но засега стои во уставот дека тоа е јазикот, кој го говорат над 20%. Нашата идеја ќе продолжи на местото на процентите и бројките да стои Албански јазик. Јас мислам дека има разбирање од повеќето политички партии, зборам за поголемите Македонски партии, тоа го имаат кажано и јавно, дека не им пречи процентот да се смени со Албански јазик и очекуваме да покажат почит кон нас и тоа да го спроведеме“, рече Таравари.

Арбен Таравари беше единствениот кандидат кој ја достави кандидатурата за претседател на партијата.

„Изборот за претседател ќе се одржи на вонредниот конгрес на 17 декември во Тетово. Како комисија известуваме дека вечерва поминува рокот за доставување на кандидатури, пред Комисијата и досега пред комисијата доставена е само една кандидатура и тоа на в.д. претседателот Арбен Таравари. Статутот на партијата одредува дека кандидат за претседател на партијата може да биде секој член, кој успеал да обезбеди поддршка од најмалку 400 членови на партијата од различни ограноци или најмалку од 5 огранцои. Таравари достави поддршка од над 1800 потписи, рече претседателот на комисијатаСурија Рушити.

 

извор СП