ВИДЕО: Шара се уште во пламен, досега изгореа над 50 хектари површина

0
25

Пламените јазици на Шара никако да спласнат. Три дена екипи на Националниот парк Шар Планина со импровизирана опрема и мал број вработени, не може да го стави пожарот под контрола. Поради ниските температри моментално не се вклучени и авионите канадери.

 

Пламените јазици кои беснеат во Националниот парк Шар Планина веќе три дена изгореа над 50 хектари површина. Зафатени се пасишта и шума. Пожарот не може да се стави под контрола, оти се наоѓа на непристапен терен на околу два часа пешачење над село Теарце, а ветерот и маглата дополнително ги отежнуваат активностите.

Поради густата магла, екипата на Националниот парк денеска е повлечена од локацијата која гори. Спасот го гледаме во најавените дождови, оти и авионите канадари не можат да интервенираат поради ниските температури.

Од Националниот парк Шар Планина, како нова установа без доволно вработените и опрема  апелираат и бараат помош од другите институции за што поскора ликвидирање на пожарот, кој  досега проголта огромна шумска површина.