Русија: ЕУ станува вазал на НАТО

0
18
NATO flag flutters during the celebration of the 15th anniversary of Lithuania's membership in NATO in Vilnius, Lithuania March 30, 2019. REUTERS/Ints Kalnins - RC1967A89600

Русија денеска оцени дека Европска Унија станала вазал на НАТО, алудирајќи на нивната заедничка декларација за зајакнување на соработката поради војната во Украина.

Денес сме соочени со најголемата закана за евроатлантската безбедност во изминатите децении. Суровата руска војна против Украина го прекршува меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН, се наведува во вчера потпишаната декларација на ЕУ и НАТО.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека тоа ја потврдува целосната потчинетост на ЕУ на задачите на НАТО, кој е инструмент што насилно ги гарантира американските интереси.

Таа наведе дека Европејците ќе се соочат со „незавидна судбина на американски вазал, губење на нивните позиции во светската политика и економија, и ќе паднат во сè поголема зависност од Вашингтон на секој чекор”.