БУГАРСКИ БГНЕС: НАПАЃАЧОТ НА ПЕНДИКОВ Е ПУШТЕН ОД ПРИТВОР

0
21

Бугарската агенција БГНЕС попладнево пишува дека осомничениот напаѓач на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, е пуштен од притвор.

Осомничениот, кој според обвинителството го нападнал и го претепал Пендиков пред угостителски објект во градот, е пуштен, но со одземен пасош,а судот ја преиначил мерката „притвор“ по истекот на рокот од 30 дена, пишува БГНЕС, објавувајќи го и целото име и презиме на осомничениот, иако тој не е осуден за делото.