(ВИДЕО) Две сестри извлечени од урнатините: Комунисти, исламисти, секуларисти, сите се трудат да спасат што повеќе луѓе

0
30

Две сестри беа извлечени од зграда во Антакија, по серијата разорни земјотреси што ја погодија оваа земја, но и соседна Сирија.

На Твитер беше споделено видео од спасувачката операција, а на него се гледа како спасувачите извлекуваат две жени од тесен премин во зградата оштетена од земјотресот.

 

„ Спасувачкиот тим на Комунистичката партија на Турција (ТКП) Антакија штотуку извлече живи две сестри од урнатините. Сите во Турција – револуционери, комунисти, исламисти, секуларисти, националисти – се трудат да дадат се од себе. Солидарност“, стои во твитот во кој е споделено видеото.

Повеќе од 4.800 луѓе загинаа во серијата разорни земјотреси во Турција и Сирија. Вчерашниот ден го одбележа катастрофа која долги години не е видена во овие две земји, а во текот на ноќта се случи уште еден земјотрес со јачина од 5,6 степени во централна Турција. Во наредните денови се очекува да бидат откриени уште жртви, а сеизмолозите предупредуваат дека тлото ќе продолжи да се тресе.