Коњ под урнатините во Турција преживеал 21 ден, спасувачите го извлекоа

0
34

Коњ преживеал три недели под урнатините во Турција по силните земјотреси кои се случија на 6 февруари.

Турските спасувачи, со помош на ветеринари, од урнатините извлекле коњ кој 21 ден поминал заробен во Адијаман. Коњот е извлечен од непристапен терен. Ветеринарот утврдил дека животното нема повреди опасни по живот, по што коњот е вратен на сопственикот.

Снимката од спасувањето ја објавило турското Министерство за земјоделство и шумарство.  Во Хатај се отворени полски болници за спасени животни.

Во Турција и Сирија загинаа над 50.000 луѓе во земјотресите. По силните земјотреси, имаше илјадници послаби потреси.