Бугарски државјани ќе може да гласаат и во Тетово, се договорија Касами и амбасадорот Ангелов

0
28

Во просториите на Општина Тетово средба остварија градоначалникот на општината Билал Касами и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов. На средбата не беа поканети медиумите, но по нејзиното завршување на официјалниот Фејсбук профил на Општина Тетово е објавено дека една од темите на разговор на средбата било и организацијата на избирачкото место во Тетово за бугарските граѓани кои би сакале да гласаат на парламантарните избори кои ќе се одржат на 2 април во Бугарија.

„Градоначалникот Касами и амбасадорот Ангелов се обврзаа да обезбедат избирачко место, за граѓаните на Општина Тетово кои имаат бугарско државјанство, стои во објавата на фејсбук профилот на Општина Тетово.

На средбата се разговарало и за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји, како и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија.