За 6 часа тетовската полиција казни 160 возачи, возеле и со над 70 километри на час повеќе од дозволеното

0
43

Во полициска контрола за брзината со која се движат возилата, спроведена вчера на подрачјето на СВР Тетово од 14 до 20 часот, вкупно биле откриени и санкционирани 88 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Осум од нив ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час.

„Покрај ова, санкционирани биле и 72 возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови прекршоци“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и непотребно да не брзаат, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на другите регионални и локални патишта на подрачјето.