Зејтин до 100 денари, тестенини поевтини за 10 проценти, за млечните производи се уште се прават анализи

0
20

Тестенините и зејтинот ќе добијат замрзната цена, а за млечните се уште се прават анализи. Според министерството за економија, тестенините ќе добијат нова цена која ќе биде нешто повеќе од 10% помала од сегашната. Зејтинот, пак, ќе се продава по цена која под 100 денари.

Но оваа одлука не беше ставена на ред на денешната седница на влада. Според најавите тоа треба да се случи до крајот на неделава.

Според експертите, џабе се носат популистички мерки кога владата нема план тоа што ќе биде по 3 месеци, откако ќе престанат одлуките за замрзнување на цените. Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини вели дека замрзнувањето на цените не е решение, освен ако власта сака само да добие ситни политички поени.

-Социјалната варијанта што е оправдано да се штитат. Тука треба да се прави дистинкција, и да се најдат мерки, времено или засекогаш да се помагаат граѓани кои за тоа имаат потреба. А кај нас, за жал, воопшто не е мал тој број. Тука се оди се оди на варијанта, тие повластици да ги користат оние кои во никој случај не треба да ги користат. Владата не е во состојба такви конзистентни и системки мерки за такви социјално загрозени слоеви на населението.

Државната статистика измери благо опаѓање на инфлацијата во февруари, споредено со јануари, од 17,1. на 16,7%.

Најголемо зголемување на цените се забележува кај храната, за 26% споредено со февруари минатата година.

Лебот годинава бил поскап за 39,8%, месото за 29,5%, млекото и лечните производи за 36,7%, а маслото за јадење 16,4%. Зголемување во споредба со минатата година има кај цената на електричната енергија, за 14, гасот за 20,2 и горивата за 7,7%.

извор Сител ТВ