Уште еднa трагедија во Србија: Две деца загинаа во пожар во Бачка Топола

0
30

Две деца на возраст од две и три години загинаа во пожар кој избувнал во семејна куќа во селото Стара Моравица во Општината Бачка Топола, Србија.

Останатите од повеќечленото семејството успеале да се спасат. Тие скокнале од прозорецот, а среќа во несреќа било што четири од осумте деца во моментот на пожарот биле на училиште.

Сега веќе изгорената куќа му била дадена на семејството како социјална помош.

Противпожарните бригади веднаш по пријавата се упатени на лице место и пристигнале на локацијата во 8:23 часот. Пожарникарите утврдиле дека пожарот зафатил вкупно три соби , објави Нова.рс.

Со оглед дека станува збор за домаќинство кое се грее на дрва, како што јавуваат српските медиуми, претпоставката е дека искра завршила на еден од креветите и од тоа избувнал огнот.

Пред два дена во Нови Пазар, четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар што избувна во нивниот стан.