На автопатот Тетово-Скопје возило удрило и усмртило мечка, возачот пренесен во болница

0
49

Ноќеска четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот со иницијали В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, често пати животни, претежно кучиња – скитница, како и мечки, волци и лисици, овци и коњи, зајци го преминуваат коловозот, предизвикувајќи сообраќајни несреќи.