Поскапеа лековите без рецепт, нема промени во цената на терапијата на позитивна листа

0
25

Мало и незначително зголемување во однос препаратите и цената, за некои фармацевтски компании тековно покачување велат од Фармацевстката комора за зголемувањето на цените на лековите кои се издаваат без рецепт. Велат дека зголемувањето на цените кај ОТЦ лековите започнало уште во февруари.

„На пример фармацевтска компанија која има околу 30 препарати, ОТЦ препарати покачувањето ќе биде околу 5% во однос на бројот на препаратите, како и во однос на цената ќе биде 5% покачувањето. Од некои фармацевтски куќи имаме информација дека покачувањето на ОТЦ препаратите е нешто што си оди тековно и не е поврзано со тековната ситуација во светот, туку врз основа на поскапување на активните суровини и супстанци и е тековно како што беше и во текот на пандемијата“, вели Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтска комора на РСМ.

Според Министерството за здравство, цените на овие лекови на пазарот се формираат слободно и не подлежат на регулирање согласно позитивните прописи од областа на лековите. Важно е да се напомене дека не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа, туку на витамините, препаратите за третман на симптом на болка и слично кои ќе бидат поскапени, велат од надлежното министерство.

Листата на позитивни лекови не е ревидирана веќе десет години  и мора да се промени, се соочуваме со недостиг на лекови на фармацевтскиот пазар за кој се информирани и Министерството за здравство и Фондот за здравство, реагира Фармацевтската комора.

„Позитивната листа е доста стара и има потреба од нови генерики, формули кои им се потребни на пациентите и кои се доста поефикасни“, посочи Ставрова.

„Од поодамна имаме недостиг на лекови за епилепсија, како и некои лекови за срце, недостиг од некои антибиотици, кортикостероиди, итн“, заклучи Ставрова.

Донесен е новиот Правилник за  позитивна листа, со кој се дефинирани постапки и критериуми за утврдување лек на позитивната листа, и тие важат за сите лекови, како за домашни, така и за странски производители на лекови, велат од надлежното министерство.

„Правилникот е изготвен, согласно европските практики, со цел дефинирање на транспарентна постапка и критериуми за селекција на лековите, кои можат да бидат дел од позитивната листа“,

 Во комисијата која ќе одлучува за новата листа на лекови има претставници на Министерство за здравство,  Фондот за здравствено осигурување , специјалисти од областа на медицината и фармацевти.   Во 2012- та година се направени последните измени во позитивната листа на лекови и од тогаш таа не е ревидирана. Во меѓувреме на неа има лекови кои повеќе не се произведуваат, за сметка на тоа недостасуваат лекови кои за некои пациенти живот значат.