Швајцарско радио емитува програма направена со помош на вештачка интелигенција

0
69

Од тој експеримент беа исклучени само вестите.

Текстовите што слушателите можеле да ги слушнат на музичкиот канал на швајцарскиот јавен медиум главно се однесувале на вештачката интелигенција и се произведени со помош на програмата за говорни роботи ChatGPT, која од крајот на минатата година го бранува светот.

Гласовите на водителките претходно беа клонирани и, меѓу другото, беа искористени за интервјуа со клонови на поранешните американски претседатели Барак Обама и Доналд Трамп. Покрај тоа, станицата редовно вметнувало референци за фактот дека се работи за експеримент.

„Звучи како Couleur 3, но водителките се заменети со вештачка интелигенција“, велат клонираните водители чиј глас не се разликува од оној на вистински новинар.

Швајцарското јавно радио нуди програми на сите четири официјални јазици во Швајцарија – француски, германски, италијански и ретромански.