Катица Јанева е библиотекарка во затворот „Идризово“

0
20

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во затворот „Идризово“ работи како библиотекарка.

Како што пишува новинската агенција „Макфакс“ таа и оваа година користела продолжен празничен викенд, а новиот директор на затворот, Зоран Јовановски информираше дека уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.

Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната, изјави Јовановски.

Катица Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа беше приведена на 21 август 2019 година, а според податоците на Јовановски, казната на Јанева ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста за помилување.