Од наредната година граѓаните на Косово без визи ќе патуваат и во Швајцарија

0
40

Од 1 јануари 2024 година, секој со важечки косовски пасош ќе може слободно да влезе во Швајцарија и да остане во оваа земја без виза до 90 дена, објави Аlbinfo.ch.

Европскиот парламент на 18 април донесе одлука за визна либерализација за Косово.

Но, безвизниот режим за косовските граѓани нема да важи за Шпанија, чие Министерство за надворешни работи соопшти дека се уште не ги признава косовските пасоши.

Извор С.П