НАСА со ново видео од „Сината Планета“ во висока резолуција

0
50

Американската вселенска агенција НАСА објави спектакуларно видео кое содржи сцени од Земјата во висока резолуција.

Малкумина имале можност да ја видат Земјата во живо од орбитата, а за сите останати кои не можат, НАСА објави одлично видео.

Станува збор за компилација од импресивни снимки, односно снимки од нашата планета кои се направени помеѓу март 2022 и март 2023 година за време на експедициите 67 и 68 на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Благодарение на овие снимки, секој може да се замисли во улога на член на екипажот на ISS и да ужива во сцените нешто помалку од еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на вселенската станица.