Работник почина градејќи објект во Кавадарци

0
28

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на градилиште на приватен објект, каде било пријавено дека починал работник, соопшти ЈО.

Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа, информираат од Обвинителство.

Оттаму додаваат дека преземаат и други дејствија за расчистување на случајот.