На аеродромот во Приштина била пријавена закана со експлозив

0
43

Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба.

– Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, рече Гара.

Како што пренесува Бета, ова е една од десетината закани кои беа упатени кон овој аеродром, и сите беа лажни.