Рекордна заплена кај Сицилија: пронајдени два тона кокаин со пазарна вредност од 400 милиони евра

0
21

Финансиската полиција на Италија заплени два тони кокаин чија пазарна вредност е проценета над 400 милиони евра.

Кокаинот е пронајден на море, во близина на источниот брег на Сицилија, пренесува Анса. Дрогата била спакувана во околу 70 пакувања кои пливале поврзани со мрежа, со светлосен сигнален уред.

Агенцијата наведува дека дрогата била оставена таму откако била испорачана со товарни бродови и требало да биде пренесена на копното.