Струмичанец украл 663 кутии цигари од маркет

0
23

Четириесетгодишникот е задржан во полициска станица во Струмицa.

Струмичката полиција денеска привела 40-годишник со иницијали Г.П., осомничен за тешка кражба.

При претрес во домот на струмичанецот, според полициското соопштение, биле пронајдени вкупно 663 кутии цигари, за кои се вели дека се украдени од маркет од Струмица.

„Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“,

се додава во соопштението на МВР.