Тело во распаѓање на млада жена е пронајдено во куфер на напуштена автобуска станица

0
18

Полицијата во Малезија ја истражува смртта на жена чие распаднато тело беше пронајдено во патна торба на напуштена автобуска станица. Куферот го пронашол случаен минувач пред неколку дена во Кулаи, област во државата Џохор, објави државната новинска агенција Бернама, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Началникот на полицијата во областа Кулаи, Ток Бенг Јеоу, ​​изјави дека идентификацијата на жртвата била тешка поради високата фаза на распаѓање. Резултатите од прелиминарната обдукција спроведена во болницата Султана Аминах укажуваат дека се работи за жена на возраст над 25 години која се здобила со повреда на главата и најверојатно починала пред околу две недели.

Началникот на окружната полиција рече дека истрагата е во тек и ги повика локалните жители да контактираат со властите доколку имаат какви било информации за случајот