Астрономите открија планета прекриена со вулкани на која може да има и вода

0
64

Астрономи открија планета за која веруваат дека е прекриена со активни вулкани и може да содржи вода на дел од својата површина. Станува збор за планета со ознаката LP 791-18 d, оддалечена околу 90 светлосни години од Земјата, која се наоѓа во соѕвездието Пехар, а по големината одговара на нашата планета. Таа кружи околу црвено џуџе, а нема циклус на ден и ноќ како на Земјата. Наместо тоа, еден дел од планетата LP 791-18 постојано се пече под Сонцето, а другиот дел е секогаш во мрак.

„Дневната страна веројатно е премногу топла за да постои вода во течна состојба на површината, но количината вулканска активност за која сметаме дека се случува на целата планета може да ја одржува атмосферата, која би можела да овозможи кондензација на вода на ноќната страна“ вели Бјорн Бенеке, еден од астрономите кои ја проучувале планетата.