Момче од беровско се скарало со домашните и ја потпалило семејната куќа додека сите биле внатре

0
68

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д. (21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Полициските информации се дека на 17.03.2023 во село Митрашинци, Беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност.