ВИДЕО: Се преврте брод во Индија, загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои неколку жени и деца

0
25

Најмалку 22 лица загинаа кога туристички брод потона во јужната индиска држава Керала, соопшти утринава локалната полиција. „Најдовме 22 тела.

Шест лица се во болница“, соопшти полицијата во градот Танур, каде синоќа се случи несреќата. Во тек е спасувачка операција.

Официјални лица велат дека на бродот веројатно имало околу 50 патници повеќе од дозволеното. Меѓу патниците имало и голем број деца.