(ВИДЕО) СО ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ ПРОБАЛ ДА ГО ИЗИМИТИРА И ИСМЕЕ МАСАКРОТ

0
54

Четиринаесетгодишно момче по едноминутно молчење во ОУ „Јефимија“ во Обреновац извади пластичен пиштол.

М.Д. вперил пластичен пиштол кон учениците од одделението. Училишниот полицаец веднаш реагирал и набрзо за инцидентот биле известени класниот раководител и психолог како и Центарот за социјална работа.

Во првиот разговор со одделенскиот раководител било констатирано дека по едноминутно молчење наставникот ги оставил децата во училницата неколку минути за да утврди дали сите деца влегле во нивните училници, односно дали се во училишните ходници, за да може да започне наставата. За тоа време овој ученик извадил пластичен пиштол и му го покажал на друг ученик. Тој ученик го зел пластичниот пиштол, најверојатно со намера да го фрли во канта, но му го одзело трето момче, кое почнало да мавта со него во училницата.

Децата кои биле во училницата биле преплашени, а поради овој инцидент реагирала и полицијата, односно Одделението за малолетничка деликвенција. Едно од момчињата е предадено на припадници на МВР заедно со неговите родители, објави ТВ Пинк.

Да потсетиме, тринаесетгодишниот К.К. вчера уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владисав Рибникар“ во Врачар, а рани уште шест ученици и еден наставник. Во Србија поради ова невидено злосторство од утре почнуваат денови на жалост, а наставата во училиштата започнува со едноминутно молчење за жртвите.