Кралот Чарлс му испрати писмо на претседателот Вучиќ откако тој го откажа присуството на крунисувањето

0
47

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска прими писмо од неговото кралско височество кралот Чарлс III.

Во писмото се вели:

„Целосно ги разбирам причините зошто нема да можете да присуствувате на церемонијата на крунисување, со оглед на шокантните настани од вчера. Мојата сопруга и јас изразуваме длабоко сочувство до вас, до српскиот народ и до семејствата и пријателите на сите жртви.

За време на мојата посета на Србија во 2016 година, имав можност лично да ја почувствувам добрината и дарежливоста на српскиот народ. Се надевам и верувам дека овој дух ќе ви помогне да ги пребродите овие тешки денови. Моите мисли, молитви и искрено сочувство се со сите кои беа погодени од оваа страшна трагедија“, се наведува во писмото на кралот Чарлс Трети, а пренесуваат од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

По масакрот во основното училиште во Врачар, Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија, за ТВ Хепи изјави дека претседателот Вучиќ го откажал присуството на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс на 6 мај во Лондон.

Ден подоцна се случи нов масакр кај Младеновац.

Извор Вечер прес